Исплатата стартува, корисниците со картички веќе располагаат со средствата

Исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за ноември 2025 година започна денеска, соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади. Корисниците кои имаат дебитни картички можат да подигнат пари од банкомат, да плаќаат безготовински или да ги користат средствата преку електронско и мобилно банкарство почнувајќи од 12 декември 2025 година.

Распоред за корисниците без картички

Министерството најави поделба по групи за оние кои не користат картички, со цел избегнување метеж во банките. Исплатата ќе се одвива во сите отворени филијали и експозитури, според азбучен распоред:

12.12.2025:
А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ

15.12.2025:
М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш