АМСМ информира дека денеска ќе се започне со градежни активности за поставување на заштитна звучна ограда на автопатот А2, делница Скопје -Тетово, од страна на фирмата изведувач ДГПТУ БИТЕМ ДООЕЛ Скопје согласно склучениот договор помеѓу договорниот орган Јавно претпријатие за државни патишта и фирмата изведувач ДГПТУ БИТЕМ ДООЕЛ Скопје.

На трасата на која ќе се изведуваат градежните работи, како што е најавено, ќе има времен режим на сообраќај согласно одобрението за измена на режимот на сообраќај издадено од страна на Министерство за транспорт и врски, за што на горенаведената локација ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Се препорачува на сите возачи внимателно да се движат почитувајќи ја поставената сигнализација.