Серија земјотреси во Грција
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, која се одржува од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, на 7 јуни 2025 година, регистрираше серија земјотреси во Грција, чиј епицентри потекнуваат од територијата на соседната држава.
Според досегашните информации, земјотресот кој се случи во 14:46 часот бил со локална Рихтерова магнитуда ML5.2, а епицентарот се наоѓал 290 километри југоисточно од Скопје, на грчка територија.
Сеизмолошката опсерваторија информираше дека земјотресот бил почувствуван во југоисточниот дел на Македонија, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала (EMS).