Министерот за одбрана упати честитки по повод Меѓународниот ден на жената

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, по повод Меѓународниот ден на жената, испрати честитка до сите жени кои се дел од македонската Армија и од Министерството за одбрана.

Во својата порака, министерот истакнува:

“По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, упатувам искрени честитки до сите жени, припаднички на Армијата и Министерството за одбрана.

Жените се незаменлив дел од системот на одбраната и безбедноста. Со својата професионалност, посветеност и одговорност, тие секојдневно придонесуваат за јакнење на капацитетите на Армијата и за заштита на безбедноста на нашите граѓани. Нивниот ангажман и лидерство се силен доказ дека одбраната е област во која знаењето, способноста и храброста се поважни од сѐ.

Министерството за одбрана останува посветено на создавање еднакви можности, поддршка на професионалниот развој и унапредување на улогата на жените во одбранбениот сектор. Ви благодарам за вашиот придонес, професионализам и посветеност во службата.

Среќен 8 Март!”

Мисајловски со ова ја потенцира значајната улога на жените во одбраната и посветеноста на Министерството за создавање услови за нивен професионален развој.