Во секоја куќа се меси лепче „кравајче“, пита или погача во која се става пара. Сите присутни во својот дел од кравјачето ја бараат парата и тој што ќе ја најде се смета за најсреќниот во годината што претстои.
Во некои краишта од земјава, пак, адетот со кршењето на лепчето со паричка се прави на Василица.
Некои од црковните лица се согласуваат дека за Бадник треба да си дома. Но, велат, лепчето со паричето оставете го за Василица. Обичајот на Бадник да седнеме на маса и да кршиме лепче со паричка не е црковен, туку фолклорен обичај.
Сепак на луѓето им останува да си го направат својот избор, дали лепче со паричка ќе има на Бадник или пак на Василица.