Во барањето за изземање на Стефанова, што го објавува порталот Сведок, одбраната наведува:
„Постои основано сомнение дека за Јавниот обвинител Лиле Стефанова обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје постојат околности кои предизвикуваат сомневање во нејзината непристрасност на основа на нејзиното досегашно постапување во текот на постапката по предмет КО.бр.113/20 на насловното Јавно обвинителство.
Во конкретниот случај, Јавниот обвинител Лиле Стефановска го води предметот познат како ‘Империја’, кој се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје под КО.бр.119/19 познат во јавноста под име ‘Империја’, за кој предмет постои правосилна судска пресуда со која лицето Катица Јанева како Јавен обвинител во поранешното СЈО е правосилно осудена за злоупотреба на службената положба во предметот ‘Империја’ кој предмет во тоа време , а и сега го води и застапува обвинителката Лиле Стефанова.
Сега обвинетиот Јордан Камчев во таа постапка како сведок даде изјава во која директно се споменува Јавниот обвинител Лиле Стефанова во негативна конотација што дава основ за сомнение во непристрасност на истиот обвинител во оваа постапка во која за Јордан Камчев како петтообвинет се инститира на опстојување на мерка притвор од обвинителот Лиле Стефановска, иако ниту еден друг од обвинитетите не се наоѓа во притвор.
Иако се нудат валидни и аргументирани гаранции со вредност значително над евентуално спорниот износ во постапката која се води под КОК.бр.63/21, како Јавен обвинител постојано оди со негативни мислења за укинување на мерката притвор со неприфаќање и на медицинска документација од релевантни стручни лица од областа на медицината и изготвено медицинско вештачење за здравствената состојба на обвинетиот Јордан Камчев.
Сметаме дека овие околности укажуваат за реален основ за пристрасност на обвинителот Лиле Стефановска во оваа постапка, каде сметаме дека таквата пристрасност доведува до лична нетрпеливост во однос на личноста на обвинетиот Јордан Камчев поради што се сомневаме и во нејзините дејствија кои ги преземала или презема во конкретниот предмет во кој се поднесува ова Барање за изземање.
Подетално на овој ЛИНК