Нов застрашувачки воен инцидент го доведе Блискиот Исток на самиот раб на тотална ескалација откако нафтен танкер беше брутално погоден со две ракети во близина на брегот на Саудиска Арабија, алармираше британската морска служба за следење на сообраќајот УКМТО.

Ракетниот напад се случил во глува доба од ноќта на околу 133 километри источно од саудискиот град Рас ел Хафџи, кога два разорни проектила се забиле директно во левиот бок на танкерот. Иако екипажот за среќа поминал без жртви и нема истекување нафта, овој брутален напад доаѓа во момент на застрашувачки тензии откако иранската Револуционерна гарда (ИРГЦ) отворено објави дека нејзините мини веќе запалиле гигантски супертанкер кој се обидел да го мине Ормускиот Мореуз без нивно одобрение.

Иран упати морничаво предупредување дека секој брод што ќе го забележи ирачкиот простор или ќе ги исклучи навигациските системи ќе „заврши во пламен“. Додека Техеран насилно воведува контрола врз глобалниот морски премин, Вашингтон најостро го оспорува ова право и се подготвува за директна воена пресметка.

Американскиот претседател Трамп веќе упати отворена закана дека е подготвен да го скрши Иран и да нареди застрашувачки нови воени удари. Според извори од американското разузнавање, сојузниците на Блискиот Исток веќе добиле наредба да се подготват за масовни воздушни напади врз иранска територија и жестока иранска одмазда, што значи дека светот одбројува часови до нов голем воен каламитет.