Такво нешто, имено, не се случило ни за време на експерименталните фази на тестирање на вакцините. Станува збор за практикант по психологија во здравствената установа „Тоскана Норд Овест“, која беше вакцинирана во неделата.

Според странските медиуми таа е пуштена утрово од болницата во која се следи нејзината состојба.

Лекарите рекле дека нема други последици освен типичните симптоми што можат да се појават по секоја вакцина, како што се треска, болка во коските и болка во раката.

Девојката е пуштена дома, иако нејзиното здравје ќе се следи во следните шест месеци, па затоа ќе мора да проверува секоја недела.

Антонела Винсенти, директор на одделот за заразни болести во болницата „Ноа“ во Маса, рече дека сè уште не е можно да се каже какво влијание ќе предизвика ова предозирање врз имунитетниот систем на девојчето.

-Сè уште не знаеме дали ќе биде потребна втора доза од вакцината или ќе се третира како личност која не примила ниту една доза, што е скоро извесно , вели Антонела Винченти.

Здравствената установа „Тоскана Норд Овест“ на прес-конференцијата изјави дека е отворена истрага за овој случај

-Не сакаме да уништиме ничиј живот. Тоа е човечка грешка, ќерка ми е добро, иако се плашиме, бидејќи никој не може да ни каже што ќе се случи со нејзиното тело во иднина, изјави мајката на девојката од Тоскана.

Сличен случај се случи и во Израел, кога медицински работник прими пет дози вакцина „Фајзер“.