Неопходна адаптација во нестабилни глобални услови
Во услови на економска неизвесност и кризи, Македонија мора да се фокусира на диверзификација на производството и извозот. Автомобилскиот сектор, кој засега има значителна улога во извозната структура, е под притисок, што претставува ризик за стабилноста и развојот на економијата.
Поучен пример од Обединетите Арапски Емирати
Аналитичарите упатуваат апел до Владата да го следи примерот на Обединетите Арапски Емирати. Ваквите сугестии од анализата на ТВ Алфа значат дека ресурсите од еден сектор – нафтата – се искористени за развој на повеќе индустрии. Тие потенцираат дека и Македонија може да ја примени оваа стратегија преку насочување на средства кон иновации и нови технологии.
Извозот падна повеќе од увозот
Според Светска банка, извозот во Македонија опаднал поради намалената побарувачка во Европската Унија, особено во делот на автомобилската индустрија. Тоа е причина зошто се очекува ограничен економски раст во 2025 година, дополнително отежнат од увезената инфлација.
Ограничено влијание од новите американски царини
Експертот Пекевски смета дека иако царините што ги наметнува администрацијата на Трамп може да предизвикаат трговски тензии. Сепак тие нема драстично да влијаат врз македонската економија.
Инвестиции и капитални проекти како двигател на растот
Растот во последниот период, според извештајот на Светска банка, е резултат на капитални инвестиции, особено во изградба на автопатишта – за разлика од 2023 година, кога такви проекти речиси и немаше.
Николоски оствари стратешка средба со „Мубадала“: Разгледани можни инвестиции во Македонија
Повик за побрзи проекти и инвестиции со додадена вредност
Македонските економски аналитичари сметаат дека е потребно забрзување на инфраструктурните проекти, но и вложување во иновативни индустрии што носат додадена вредност и создаваат нови вработувања. Секако, овде спаѓа и диверзификација на производството.
Позитивни сигнали на пазарот на труд
Извештајот исто така нотира намалување на невработеноста и раст на реалните плати, иако сè уште постојат предизвици со продуктивноста и недостигот од квалификувана работна сила.
Светска банка со прогноза и предупредување
Светска банка прогнозира раст од 2,6% за 2025 година, но апелира на консолидација на фискалната политика, особено поради големите обврски за отплата на Еврообврзницата во следните три години.