Погребната служба на 59 починати во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани ќе се одржи во чевтрток на градските гробишта.

Погребната церемонија ќе ја води поглаварот на Македонската православна црква г.г Стефан придружуван од неколку владици од Синодот.

„Црквата прави се за овие чеда да бидат испратени на најдостоинствен начин“, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов вчера од пред Брегалничката епархија во Соборниот храм во Штип.

Во меѓувреме трае идентификацијата на починатите во Институтот за судска медицина, по што телата ќе им бидат предадени на семејствата.

(ВИДЕО) СЕ ПРОШИРУВААТ ГРОБИШТАТА ВО КОЧАНИ: Планиран е колективен погреб за жртвите од трагедијата

Грдаските гробишта деновиве се прошируваа на посебно место каде што ќе бидат погребани жртвите во катасрофалната несреќа.