Според МВР, полицаецот искористувајќи ја својата службена положба, при пополнување пријава за престој на странски државјани на територија на државата побарал и зел пари од него.

Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поведена е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и тој е суспендиран до донесување решение во дисциплинската постапка.