Имено, пријавениот искористувајќи ја својата службена положба ги пречекорил границите на своите овластувања на начин што при пополнување пријава за престој на странски државјани на територија на РСМ побарал и земал паричен надомест од пријавителот-странски државјанин.

Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поведена е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и тој е суспендиран до донесување на решение во дисциплинската постапка.