На 02.05.2021 во 22.20 часот во угостителски објект на ул.„Отокар Кершовани“ полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 9 лица, бидејќи при контрола извршена во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат, било констатирано дека не се почитуваат одлуките на Владата односно во објектот биле затекнати 9 лица.

Тие се приведени во полициска станица за понатамошно постапување, а објектот од страна на ДПИ е затворен и пломбиран.