На 28.12.2022 во 17.30 часот на крстосница од булевар „Маршал Тито“ со булевар „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го привеле И.А.(59) од Тетово.

При преглед во патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени две вреќи со цигари за кои не поседувал документација.

Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следи соодветен поднесок.