Кај 39-годишен скопјанец затвореник во Идризово пронајдена дрога.

На 27.01.2023 околу 17.50 часот во Полициска станица Велес е пријавено дека од службени лица од Казнено-поправната установа Идризово, Отворено одделение во Велес, при преглед кај осуденикот И.В.(39) од Скопје, кој се враќал од користење на викенд, била пронајдена и одземена прашкаста материја, соопшти полицијата.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.