Во Париз се одржуваат неколку протести против воведување санитарни пропусници во Франција како и задолжителното вакцинирање на населението.
На еден од митинзите, полицијата употреби солзавец откако толпата почна да провоцира полицајци. Демонстрантите скандираа „Слобода! и фрлаа шишиња кон полицијата. Тие, исто така, извикуваа пароли „Диктатор – во затвор!“, „Макрон, не ни треба твојата пропусница!“
Како што објави претставникот на француската влада Габриел Атал, санитарните пропусници ќе започнат да функционираат на 9 август.
На 12 јули, францускиот претседател Емануел Макрон најави серија нови рестриктивни мерки за ограничување на ширењето на Ковид-19. Меѓу другото, тој најави продолжување на практиката за користење санитарни пропусници, со кои се докажува вакцинација или негативен резултат од тестот за Ковид-19, особено во барови, ресторани, возови на долги релации и авиони.
Шефот на Француската Република, исто така, најави воведување на задолжителна вакцинација за лекарите во Франција и сите оние кои работат во болници и домови за стари лица. По изјавите на претседателот на Франција, соодветниот предлог -закон беше подготвен и усвоен од францускиот парламент.