Весникот наведува дека мерката ќе важи до септември, затоа што здравствените власти стравуваат дека некој може да го донесе вирусот во болница по враќањето од странство.

-Во исто време, се верува дека многумина нема да сакаат да одвојат 9.000 динари за тестирање, дека ќе го променат својот став и дека сепак ќе одлучат за вакцината, додава Политика.

Освен оние кои биле вакцинирани и оние кои го прележале вирусот, од оваа мерка се исклучени и лекарите на кои не им е дозволено вакцинирање поради комплицирана здравствена состојба или ја примиле првата доза.

Здравствените работници кои ќе ја игнорираат таа мерка ќе мора да одат на дисциплинска комисија, како и дека може да сносат кривична одговорност доколку заразат пациент.