Кривична пријава против полициска службеничка

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија поднесе кривична пријава до Основно јавно обвинителство Штип против Ј.Н., вработена во ПО за БПС Кочани при СВР Штип, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“, казниво по член 140 став 1 од Кривичниот законик.

Вистинска драма се случувала во Кочани

Според наводите во пријавата, на 13 септември 2025 година, на локацијата викана „Суитлак“ во Штип, пријавената со употреба на сила внела во патничко возило „БМВ“ женско лице, нејзина колешка, приправник во МВР при Одделението за полиција СВР Штип.

Во возилото, таа физички ја нападнала, удирајќи ја по телото и ограничувајќи ѝ го движењето, при што не ѝ дозволила да излезе и да се оддалечи, со што ѝ ја одзела слободата на движење.

Суспензија и дисциплинска постапка

Одделот за внатрешна контрола најави дека ќе биде поднесен и предлог за поведување дисциплинска постапка против Ј.Н. До завршување на постапката, таа е отстранета од работното место и суспендирана од извршување на службените должности.