По изборната победа на Петер Маѓар во Унгарија, полските власти повторно отворија прашање за екстрадиција на двајца поранешни функционери кои се наоѓаат во таа земја.
Полскиот министер за правда и генерален обвинител Валдемар Журек испратил две писма до унгарските власти, барајќи официјален одговор дали на поранешниот државен секретар Марчин Романовски и на поранешниот министер за правда Збигњев Зиобро им е одобрен азил.
Полска и претходно стапила во контакт со Будимпешта, но одговорот добиен на 30 март бил оценет како недоволен.
Во меѓувреме, новоизбраниот премиер Петер Маѓар повеќепати се осврна на случајот, нагласувајќи дека Унгарија нема да биде „скривалиште за меѓународно барани криминалци“.
Тој најави дека неговата влада ќе постапува во согласност со меѓународното право, што подразбира екстрадиција на лица кои се гонат во други држави.
