Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи, информира Министерството за транспорт.

-Министерството за транспорт согласно своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе ја објави согласно законските прописи во најбрз можен рок – велат оттаму.

Министерствoто за транспорт преку овој тендер објавен во февруари годинава планираше да набави 150 електрични еколошки автобуси и 75 полначи.

Согласно планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а останатите 50 за општините.