Како што соопшти УХМР, минималната температура денеска ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 Целзиусови степени, додека УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево и многу топло со засилен југоисточен ветер, а попладне и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми и ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер, во делови од котлината во форма на невреме.

– Од утре следува стабилно и посвежо време со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец, информира УХМР.