Во две хируршки сали на третиот кат во ГОБ 8 Септември протекла вода, по вчерашното невреме.
Како што информираат од ГОБ 8 Септември, проблемот во моментот е надминат, а болницата е во целосна функција.
Пациентите што треба да бидат оперирани веќе се префрлени во опремени сали на другите катови.