Попов укажа дека сета корупција и криминал ги гледаат и младите и не гледаат нема иднина за нив тука.
– Корупцијата ја гледаат и и младите, и се прашуваат како да направам нешто за себе во ваква ситуација. Гледаат што се случува со висок функционер во владата кој е поврзан со низа скандали, а кој си замина на одмор во Мексико. Нормално е да се иселуваат младите гледаат само корупција и криминал околу себе. Дури и со вакцините правеа криминал. Уплаќале аванс на фантом фирми за да набават вакцини, за тоа има и докази. Се обелодени и скандал со пасошите или како се делеле пасоши на мафијаши. Ова веќе е вон секаква контрола. Роднини на премиерот се фаќаат со над 200 килограми марихуана. А наводно имаме министер за борба против корупција, ама тој заплени путер, рече тој.
Според него не може да се очекува младите да гледаат иднина тука, кога гледаат дека државата ги заборавила.
– Младите еден ден ќе се вратат, ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се за младите, а УМС ќе биде нивни партнер, рече Попов.
Тој укажа дека и на анкетите како онаа на МЦМС се гледа сериозно водство или 23 посто од младите поддршка даваат за ВМРО-ДПМНЕ, а 17 проценти за СДСМ.
– Младите се чувствуваат излажани како никогаш до сега затоа резултатите се такви, кажа Попов.