„Денеска во рамките на акцијата „Ова е Македонија за сите“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ повторно сме во посета на населените места во општина Кавадарци. Денеска сме во посета на Бегниште, Ресава, Дреново и моментално се наоѓаме во населеното место Ваташа. Проблемите кои што ни ги посочија граѓаните се исклучиво поврзани негрижа и нефункционалност на државните институции. Односно граѓаните најмногу се жалеа на запуштеноста на системите за наводнување, запушени канали итн.“, истакна Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Попов додаде дека населението во овој крај се занимава со лозарство и проблемот со запуштеноста на системите за наводнување и запушени канали претставува огромен проблем.

„Како млад човек и претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ прочитав едно истражување кое што кажува дека 65% од младите не се задоволни од своето место во државата. И јас од денешната посета само можам да констатирам дека се во право и дека таа анкета е сосема во ред бидејќи младите кои што живеат во руралните средини од страна на централната власт се комплетно заборавени“, укажа Попов.

Тој посочи дека при разговорот со граѓаните им влева надеж и знаат самите дека по доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ на власт на следните парламентарни избори, а тој процес е неминовен, големи промени ќе се случат. Граѓаните и младите кои што живеат во руралните средини и во населените места ширум Македонија ќе имаат партнер во Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.