Како Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, денеска го промовираме третиот број на нашиот весник Мегафон. Како Унија на млади сили секогаш се трудиме да бидеме авангарда во младинското политичко организирање и тоа секогаш го правиме, изјави претседателот на УМС, Сергеј Попов.
-Уште еднаш сакам да повторам и реафирмирам дека сме единствен политички подмладок во Република Македонија кој издава свој сопствен весник. Тоа е весниког Мегафон.
Во овој трет број на весникот Мегафон ние разработуваме теми од сите сфери на општественото живеење како што е правото и правната држава и зошто истата ја нема, каква е судбината и дали воопшто има судбина во Македонија, за македонскиот млад лекар. Како и некои успешни приказни како интервјуто со градоначалникот на Општина Кисела Вода кој има многу со што да се пофали пред младите луѓе. Како што е колумната на европската бронза во карате Петар Спасеновски, како и многу други текстови и колумни.
Јас ве повикувам и во иднина да ги следите активностите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, а ние и во иднина ќе продолжиме да ги носиме новитетите и да бидеме авангарда на македонската младинска политичка сцена, истакна Попов.