Кристофер Хил, искусен американски дипломат и експерт за ситуацијата во регионот, ќе биде назначен за нов амбасадор на Соединетите Американски Држави во Србија.
Хил ќе го замени Ентони Годфри, дипломат кој во Белград е од ноември 2019 година, како амбасадор. Интересно е што и првата служба на Кристофер Хил беше Белград.
Тој има 69 години и е поранешен амбасадор во Македонија и важи за добар познавач на регионот и близок пријател и соработник на американскиот претседател Бајден.
Ќе остане запаметена неговата изјава од 2015 година дека „никој не може да и го промени името на Македонија“
Дипломати коментираат дека назначувањето на Хил може да го забрза решавањето на косовското прашање.
Тој исто така ќе настојува да донесе американски инвестиции во Србија, а ќе работи и на промоција на Србија како инвестициска дестинација.
Покрај Белград, тој служеше во Скопје и Тирана, но до ден -денеска останува најпознат како американски специјален пратеник за Косово во текот на двете години војна. Тој исто така беше член и на преговарачкиот тим на Ричард Холбрук за Босна.