Бројот на загинати се зголеми откако беа пронајдени уште тела за време на спасувачката операција, изјави Исмаел Тису, портпарол на Суданската компанија за минерални ресурси.

Тису рече дека точниот број на затрупани луѓе не е јасен.

Уривањето на рудникот се случило во неделата во градот Ал-Нухуд во регионот на Западен Кордофан.

Извозот на злато е многу важен за Судан, земја со 44 милиони жители.

Во 2018 година, Судан извезол 93 тони злато. Многу рудници за злато во земјата работат полулегално и не ги задоволуваат безбедносните стандарди што е причина за многу несреќи.