Филип, кој е градоначалник на Авра на север, беше премиер од мај 2017 до јули 2020 година.
Тој пред неколку пратеници ги претстави основните насоки на новата партија и вети дека ќе го поддржи центристот Макрон доколку се кандидира на претседателските избори.
Според него, партијата ќе има логика на партнерство и собирање со јасна поддршка за Макрон, така што следните пет години, колку што трае претседателскиот мандат, ќе бидат „корисни години“ за Франција.
–Мојата цел во 2022 година е многу јасна, а тоа е претседателот Макрон да биде реизбран“, рече Филип, за кого многумина мислеа дека самиот ќе се кандидира за претседател.