Овој предлог, нагласи Арсовски, во наредниот период детално ќе се истражи и анализира од аспект на негова имплементација, опфатот на службениците, обезбедувањето на сигурноста и приватноста на граѓаните, како и техничките и законските можности.
– Дигиталната трансформација на процесите е врвен приоритет на Владата како клучен механизам за сузбивање на корупцијата и за брзи и ефикасни услуги кон граѓаните за институциите коишто се токму во служба на граѓаните. Работна група веќе работи на подготовка на измените и дополнувањата на потребните закони за дигитална трансформација, изјави Арсовски.
Сите измени и дополнувања на потребните закони за дигитализација, посочи Арсовски, ќе бидат подготвени и доставени до Собранието до крајот на август.