Со функција од привремен карактер, но со фотографија која вечно ќе стои во низата премиери на Македонија. Талат Џафери доби портрет кој ќе стои закачен на ѕидот во влада. Во друштво на Кљусев, Црвенковски, Георгиевски, Груевски и сите останати на оваа функција, техничкиот премиер во заминување ја доби фотографијата рамномерно со нив.
Џафери за овој гест „се пофали“ на својот Фејсбук профил, а упати благодарност до уметникот Едмонд Драми.
Талат Џафери е во заминување од оваа функција, а сега заминува во опозиција. Ќе биде пратеник од редовите на ДУИ.