Други земји, од Соединетите Американски Држави до соседна Шпанија, направија слични потези, загрижени за влијанието на карантинот врз достапната работна сила. Португалската дирекција за здравство денеска соопшти дека блиските контакти на позитивните случаи ќе мора да продолжат со карантин, но најмногу седум дена. Регионот Мадеира, архипелаг во Атлантскиот Океан, дополнително го скрати задолжителниот период на изолација на пет дена, пишува португалскиот дневен весник „Диарио де Нотисиас”.

Во Португалија расте бројот на заразени луѓе, а Омикрон, кој брзо се шири, стана доминантен сој, и покрај тоа што земјата има една од највисоките стапки на вакцинација во светот, каде 87 отсто од 10-те милиони жители примиле најмалку две дози.

Денеска се пријавени рекорден број од 28.659 нови инфекции и 16 смртни случаи на пациенти со Ковид-19.

И покрај ширењето на инфекцијата, во болниците има помалку пациенти во споредба со претходните бранови на пандемијата, особено во одделенијата за интензивна нега.