Семејството на македонскиот пејач и музичар Владо Јаневски, преку „Авалон продукција“, ја информираше јавноста за последното збогување со него.
Сите кои сакаат да се простат од Владо за последен пат, тоа ќе можат да го направат во капелата на Градските гробишта во Бутел, во среда, 1 јули, во периодот од 10 до 11 часот.
Погребот ќе се одржи веднаш потоа, на гробиштата во Бутел. Авалон сподели негови познати стихови:
„Има нешто посилно од сѐ“, порачаа од „Авалон продукција“.
Владо Јаневски почина по кратко боледување, на 66-годишна возраст, оставајќи зад себе музика и песни кои ќе останат дел од македонската музичка меморија.
Слава му!
