Возачот на Брзата помош Иле Гоцевски, кој на 16 март цела ноќ превезувал повредени лица по пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, а починал кога си дошол дома, ќе биде постхумно одликуван, кажа денеска министерот за здравство Арбен Таравари.
„Тој ден сите работевме повеќе од 20 часа. Јас немам информација колку часа возачот работел, меѓутоа неспорно е дека направил огромна работа со превозот на пациенти. Како министер за здравствоm планирам следната недела да го викнам неговото семејство и постхумно да го одликувам. Во вонредна состојба сите работиме без да погледнеме во часовникот“, кажа Таравари.
Според објава на неговото семејство, Гоцевски си дошол дома после тешката ноќ, легнал да спие и не се разбудил.
На 16 март, во кочанската дискотека „Пулс“ загинаа 59 лица од кои три се малолетници. Денеска ќе бидат погребани жртвите.
Извор: СДК