Целта на меморандумот е засилување на воспоставената соработка меѓу ЈУНП „Галичица” и ЈП „Охридски комуналец”, со активирање на Општина Охрид и организации, здруженија.

Општина Охрид, Јавното претпријатие „Охридски комуналец” и Јавната установа национален парк „Галичица”, организации, здруженија и клубови потпишаа меморандум за соработка за заштита на природата и животната средина, како и одржување на чист и зелен Охрид.

– Целта на меморандумот е засилување на воспоставената соработка меѓу ЈУНП „Галичица” и ЈП „Охридски комуналец”, со активирање на Општина Охрид и организации, здруженија, клубови и друштва, кои активно работат на промоција на заштитата на животната средина, одржување на јавната чистота и поттикнување и подигнување на свеста за заштита на природата, животната средина и активностите во природа, информира ЈУНП „Галичица”.

Соработката меѓу договорните страни, според информацијата, ќе се однесува на заеднички активности и едукација за подигнување на еколошката свест, заштита и унапредување на животната средина, одржување на јавната чистота и справување со депониите на територија на Општина Охрид, вклучително и на дел од територијата на националниот парк „Галичица”.