Ние излез од оваа ситуација во која се наоѓаме гледаме во предвремени парламентарни избори. Ова го порача лидерот ан ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по средбата со претставници на Стопанската комора на Северозападна Македонија.
„Се наоѓаме во услови на голем криминал, голема корупција, неспособност, немање реформи, Влада што не може да испорача и единствено логично решение гледаме во предвремени парламентарни избори“, рече Мицкоски.
Лидерот ан ВМРО-ДПМНЕ посочи дека во исто време потребно е да се интервенира и во Изборниот законик.
„Потребно е распуштање на парламентот, интервенција во Изборниот законик, бришење на техничката влада и избори наесен“, посочи Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали изборите се решение.