Како што пренесува службената новинска агенција STA, овој податок е објавен на порталот GISAID, а мутацијата е потврдена во Институтот за микробиологија и имунологија на љубљанскиот Медицински факултет.

Лабораториите кои се занимаваат со секвенцирање на геномот на новиот коронавирус SARS-CoV-2, меѓу кои и лабораторијата на споменатиот Институт, податоците за новите соеви кои ќе бидат потврдени прво ги внесуваат во порталот GISAID. Станува збор за светска научна иницијатива и примарен извор кој нуди отворен пристап до геномските податоци за новиот коронавирусот.

Директорот на Институтот за микробиологија и имунологија Мирослав Петовец засега не ја потврдува информацијата за словенечката јавност, а се претпоставува дека тоа ќе го стори утре на прес конференција на којашто ќе ја претстави проширеноста на новите соеви на коронавирусот во Словенија.

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) неодамна објави дека индиската варијанта на коронавирусот е позаразна и затоа предизвикува дополнителна загриженоста, доколку се прошири низ светот.