Министерот за здравство, Сашо Клековски, соопшти дека Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја потврди првата мртва птица со западнонилска треска во Скопје, а регистрирани се и први случаи на западнонилска треска во Центар и Чаир.

Бројот на заболени е 43.

– Имаме 43 случаи на западнонилска треска, имаме 40 потврдени, од кои три се потврдени со еден тест. Тоа што е различно од претходната состојба има први случаи во Центар и Чаир. Започна и контрола на птиците и имаме прва лоцирана мртва птица со западнонилска треска, станува збор за гавран во Скопје – рече Клековски.

Тој се заблагодари на граѓаните бидејќи имало голем број на дојави за мртви птици.

– Мртвите птици се собираат од АХВ и тоа помага да се прави натамошното лоцирање на ризикот од западнонилска треска – рече Клековски.