Џонсон претходно прими две дози вакцина и во моментов е во изолација, која ќе трае до 26 јули, откако бил во контакт со британскиот министер за здравство Саџид Џавид, за кој беше соопштено дека е заразен со коронавирус.
Поради истата причина, во самоизолација е и министерот за финансии Риши Сунак.
Британскиот премиер претходно ги повика Британците да бидат претпазливи во врска со пандемијата на коронавирусот, иако во понеделникот во Велика Британија беа укинати голем број мерки воведени поради Ковид-19.
Велика Британија е на седмото место во светот по смртни случаи, но 87 проценти од британското возрасно население примило најмалку една доза вакцина, а целосно имунизирани се 68 проценти од граѓаните