Тимовите на Стопанската комора на Македонија распоредени во спортската сала „Чаир“ во Ниш, Република Србија, на граничниот премин Табановце и во дежурната служба во просториите на Комората, во текот на целиот ден ги преземаа сите потребни активности за процесот да тече непречено и без застои, според дефинираниот распоред.
Во рамки на акцијата координирана од Коморскиот инвестициски форум вакцинација за повеќе од 4.000 стопанственици од Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора се реализираше и во просториите на Саемот во Белград.
Со оваа акција, Коморскиот инвестициски форум и сите стопански комори од регионот со доследна примена на мотото „Еден регион, една економија“, покажаа дека единствено со заеднички сили регионот може да успее да ги надмине последиците од пандемијата и да работи на брзо економско закрепнување.