Без струја в сабота од 08:00 до 10:00 часот ќе бидат корисниците од селата Љубин, Долно и Горно Свиларе, Рашче, Бојане, Радуша, Дворце, и Кондово, во општина Сарај и Кучково и дел од село Волково во општина Ѓорче Петров.

Прекин на електричната енергија в недела од 04:00 до 06:00 часот ќе имаат корисниците од населба Шуто Оризари. Во истиот период без струја ќе бидат и корисниците од населба Топаана, Чаир и Топанско Поле во општина Чаир, како и населба Скопје-Север, Бутел 1, Бутел 2, Расадник, населба Кучевишка Бара, Визбегово и Индустриска Зона-Визбегово, во општина Бутел.