Пешак и сопатник во возило се повредени во сообраќајката на Булеварот Видое Смилевски Бато, која се случила денеска околу 17.50 часот на крстосницата кај Ново Лисиче, каде со денови не работат семафорите.
Во 17.50 часот е пријавено дека на Булевар Видое Смилевски Бато патничко возило голф удрило во пешак. Пешакот е пренесен во клиничката болница Мајка Тереза, а еден од патниците од возилото е пренесен во Градската болница. Увидот е во тек- информираат од МВР.