На 27.05.2021 во 19:45 часот на ул.„Карпош Војвода“ во Охрид, патничко моторно возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(28) од Охрид, удрило во велосипед кој го управувал малолетник од Охрид. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот на кого му била укажана лекарска помош во Специјална болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.

На 27.05.2021 околу 20:00 часот на крстосница од ул.„Карл Маркс“ и ул.„Борис Кидрич“ во Штип, патничко моторно возило удрило во пешакот Ј.Р.(53) од Штип, по што го напуштило местото на настанот. По незгодата Ј.Р. била пренесена во Клиничката болница Штип, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот.

На 27.05.2021 околу 07:30 часот на ул.„Пере Тошев“ во Кавадарци, патничко моторно возило „форд транзит“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Л.(56) од Кавадарци, удрило во В.И.(59) од Кавадарци. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила В.И. на која и била укажана помош во болницата во Кавадарци. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.