Синоќа се запалил електричниот столб на улица 20 во скопската населба Сарај, а како последица на тоа во пожарот биле зафатени и станбена куќа и кафуле.

Од Секторот за внатрешни работи Скопје велат дека нема повредени, но е евидентирана материјална штета.

„На 14.07.2023 година во 21,00 часот, пријавено е дека на патниот правец 20 во село Сарај во магацин од продавница, сопственост на С.О.(48) избувнал пожар. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита“, соопшти СВР Скопје.