Дури цели четири часа во текот на ноќта, тетовските пожарникари гаснеле пожар во куќа на улицата „Тодор Ципоски-Мерџан“, во близина на Саат џамија, пренесува ТВ21.
За среќа, нема повредени луѓе во пожарот.
„Пожарот избувна во куќа во која никој не живеел и била напуштена, при што немаше повредени. Од наша страна е интервенирано во 02.55 часот, целосно завршено беше гаснењето во 6.50 часот“, изјавил Авни Амети, комендант на тетовските пожарникари за медиумите.
На овој голем пожар интервенирале 12 пожарникари, со четири возила.