Една од интервенциите е во реонот на селото Брест на територијата на Општина Липково, каде пожар гори на десетици хектари шума веќе цела недела. Таму било интервенирано од страна на едно возило со тројца пожарникари во период од 08:30 до 15:00 часот, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Дрвени палети гореле во м.в. Магаза во населбата Ѓорче Петров. Таму двајца пожарникари интервенирале во период од 12:40 до 13:45 часот, а причината за избувнување на пожарот не е позната.

Сува трева горела на улицата „Ѓуро Пуцар Стари“, каде тројца пожарникари со едно противпожарно возило интервенирале во период од 16:35 до 17:30 часот.

Пожарникарите од Теријаторијалната противпожарна единица Куманово интервенирале и на запалена сува трева и смет кај расадникот во населбата Бедиње во период од 18:00 до 21:00 часот. На оваа интервенција учествувале тројца пожарникари, а причината за избувнување на пожарот не е позната.

Дуќан бил опожаен кај зелениот пазар, каде во период од 05:05 до 05:25 часот интервенирале петмина пожарникари со едно противпожарно возило. Како причина за избувнување на огнот се наведува неисправна електрична инсталација.