Пожарот кај селото Фурка и браната Паљурци, помеѓу општините Дојран и Богданци се уште е активен. Од изутрината координирано дејствуваат пожарникари и вработени на шумските стопанства од Гевгелија, Дојран, Кавадарци, Валандово и Струмица, информираат од ЦУК.
Заради зголемените дневни температури, интензитетот на пожарот и точките на горење се зголемија во средината на денот, заради што беше побарана, преку Центарот за управување со кризи (ЦУК), воздушна поддршка. Испратен е еден хеликоптер од Министерство за внатрешни работи кој дејствува зедно со авионот „ер трактор“ од Дирекцијата за заштита и спасување.
Ако има потреба од дополнителна воздушна поддршка, ќе биде побарана помош од Армијата, велат од ЦУК.
Активен пожар има и кас охридското село Расино. Гори дабова и борова шума, а огнот го гасат екипи од ТППЕ Охрид.