Пожарот кој попладнево избувна над селото Галичник е под контрола, наведуваат во фејсбук објава од Месната Заедница.
Според последните информации, нема опасност за имотите и куќите.
Во гаснењето на пожарот денеска интервенираа Националниот Парк Маврово, Центар за управување со кризи, Противпожарните бригади од Дебар и Гостивар, амбулантно возило Гостивар, хеликоптер на Армијата на Република Македонија, локално население и екипи и возила на Коњички клуб Шерпа.
Во објавата се наведува дека вечерва во селото Галичник ќе престојува специјалната единица на Армијата, кои ќе бидат присутни доколку состојбата со оганот кој тлее избувне повторно и се појави потреба од интервеницја.
На Укален се гаснат последните остатоци од пожарот. Утре наутро се најавени летови за гаснење со двата армиски хеликоптера.
Електричната енергија е сѐ уште во прекин и ќе биде повторно пуштена откако ќе се извршат потребните проверки. Ќе информираме дополнително. Огромна благодарност до сите вклучени во денешната акција!, стој во фејсбук објавата на Месната Заедница Галичник.
Драги галичани, пожарот е под контрола. Според последните информации, нема опасност за имотите и куќите. Денеска…
Posted by МЗ Галичник / MZ Galichnik on Sunday, May 2, 2021