Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски вечерва е излезен на терен на местото каде со часови има пожар.
-Пожарот зафати над 100 хектари шума, особено борова шума. Имаше критични ситуации кога беше загрозен манастирот во Ајватовци и селото Ајватовци.
Благодарение пред се на граѓаните кои дојдоа, но пред се на пожарникарите, на ЦУК, кои заедно со хеликоптерите помогнаа во гаснењето на овој пожар, колку-толку се локализираше и сега е под контрола. Но, пожарот уште е активен и опасен, се надеваме дека ноќта ќе биде тивка и нема да се разгори дополнително да ги загрози имотите и жвотите на нашите граѓани, рече градоначалникот на Илинден.
Георгиевски посочи дека во текот на целата ноќ ќе се следи состојбата.