Таканаречениот „Bootleg Fire“, еден од најголемите шумски пожари што го зафати западниот дел на САД, проголта повеќе од 241.000 хектари шума односно уништи област поголема од површината на Њујорк.
Пожарот се шири низ Националната шума Фремонт-Винема од 6 јули, кога избувна во близина на водопадите Кламат (400 км јужно од Портланд). Причината се уште се испитува.
Пожарот уништи најмалку 21 куќа и 54 други објекти, соопштија властите. Одделот за шумарство во Орегон вчера соопшти дека се загрозени над 5.000 домови, околу 3.000 повеќе од претходниот ден.