Вечерва избувна пожар во сендвичарницата Бејкинг Бред на улицата „Димитрие Чуповски“, кој се наоѓа во приземјето на станбена зграда во центарот на Скопје.
Благодарение на брзата интервенција на екипите на противпожарните екипи, огнот е локализиран и изгаснат, со што е спречено негово проширување кон останатиот дел од објектот.
Полициски екипи го обезбедуваат местото на настанот, додека пожарникарите сè уште се присутни и вршат проверки за да се исклучи можноста од повторно разгорување на пожарот.
